Левица: Возможно е запирање на корупцијата

  • Политичката партија Левица започна со општествено одговорна кампања, во која споделува како останатите земји од светот ги решава проблемите со кои се соочуваме во нашето општество. Од партијата со оваа кампања имаат за цел да покажат дека многу решенија за проблемите со кои се соочува народот и државата има едноставни решенија, но недостасува политичка волја. Статус квото може да се промени единствено со зголемување на политичката моќ на партијата.

Во Грузија, борбата против корупцијата и незаконското збогатување беше фокусна точка последните неколку години. Грузиската власт има имплементирано широкоопфатни закони за конфискација со цел таргетирање поединци, вклучувајќи и поранешни владејачки елити и олигарси, и сите оние кои биле вклучени во корупцијата во државата.

Овие закони, донесени како дел од тековните напори, ги овластуваат властите да ги запленат незаконски стекнатите имоти, што доведува до демонтирање на финансиските мрежи кои ја поддржуваат корупцијата и обезбедуваат законодавни последици за вмешаните.

Глобалниот барометар за корупција од ТИ (Transparency International) го открива овој редок подвиг на брзи и суштински промени: во 2004 година, 69% од граѓаните вклучени во истражувањето верувале дека корупцијата ќе се зголеми во текот на следните три години. Следната година таа бројка беше само 11%.

Овој успех беше возможен во Грузија под еден важен предуслов: највисокото раководство беше некорумпирано. Правилото е дека ако елитите останат корумпирани, ниедна земја не може навистина да ја победи корупцијата.

Левица се залага за проширена конфискација на нелагално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси, како и целосна ревизија на јавниот долг и рефундација од надлежните функционери кои недомаќински и расипнички трошеле за време на нивниот мандат.

#Возможно Е, но од народот зависи!