Црвена Младина: Работник пријавил дека бил натепан од шефот во кавадаречка фабрика

Реакција на Црвена Младина – Кавадарци, за тешко повредување на работничките права


„Вчера во ОВР Кавадарци, 33-годишник пријавил дека во фабрика во Кавадарци во која работи бил физички нападнат од неговиот претпоставен, 39-годишен кавадарчанец, информираат денеска медиумите од Тиквешијата.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ЦМ Кавадарци строго го осудува повредувањето на работничките права, особено неприфатливо е насилството на работно место!
Ги охрабруваме работниците сите вакви непосакувани случувања веднаш да ги пријавуваат на властите и да побараат помош и советување од ЦМ или ПП Левица!

Почитувани работници,
Рацете не ви се врзани!
ВАШИОТ ТРУД ВРЕДИ!
Не само во фабриката каде работите, туку уште на стотина работни места на пазарот на труд!

Особено е жално што овој ужасен пример го согледуваме само 12 дена по одбележување на МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ!“


🔴РЕАКЦИЈА ЗА ТЕШКО ПОВРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА ВО ФАБРИКА ВО КАВАДАРЦИ🔴 РАБОТНИК ПРИЈАВИЛ ДЕКА БИЛ НАТЕПАН ОД…

Posted by Црвена Младина – Кавадарци on Wednesday, May 12, 2021