Негативен извештај од Европската Комисија и во делот на земјоделството и руралниот развој

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Европската Комисија го испорача годинешниот извештај за сработеното на Владата на СДС и ДУИ, кој во сите области нотираше негативни оценки и уназадување на процесите.

Во делот на земјоделството и руралниот развој продолжува бесперспективната политика на МЗШВ, со голем број на пропусти и неисполнети задачи нотирани во претходната година. Иако навидум се чини дека се донесени некои закони по европската норматива, во реалноста, на терен имаме големо уназадување во сите сектори во земјоделството и руралниот развој. Министерот Николовски, кој претходно беше вицепремиер за борба против корупција, каде не испорача никакви резултати, својата неспособност ја демонстрира и во стратешкиот ресор земјоделие.

Република Македонија се соочува со рекордно намалено земјоделско производство, увоз на храна што ги руши сите рекорди, како и коруптивно делење на субвенции на големите агрокомбинати блиски до власта. Особено се високи тенденциите на трансформација на плодното земјоделско земјиште и негово уништување со фотоволтаични централи, во интерес на крупниот капитал.

Во таа насока е и штетниот предлог-закон поднесен од Љупчо Николовски, каде во услови на намалено земјоделско производство – се предлага уништување на плодното земјиште заради поставување фотоволтаици.

Со ова се потврдува дека хибридниот режим на власт е далеку од европските перспективи за кои само декларативно зборува. Единствениот мотив за евроинтеграцитее на владејачките СДС и ДУИ е продолжување со злоупотреби на европските фондови и богатење на поединци блиски до нив.