Левица: Касами повторно го понижува македонскиот јазик – советниците од ДПМНЕ и СДС молчат

  • Реакција на Политичката партија Левица

Иако помина една година откако претседателот на општина Тетово – БЕСАР ДУРМИШИ, најави дека општината ќе обезбеди превод на седниците и на македонски јазик – седниците се водат само на албански јазик!

Левица јавно ги прашува шесте советници од ДПМНЕ и СДС во Советот на општина Тетово: ЗОШТО во времетраење на нивниот мандат не реагирале за ваквиот скандал со кој се деградира македонскиот јазик?! Дополнително, граѓаните од Тетово не можат да разберат за што се дебатира во Советот на нивната општина – бидејќи не е обезбеден симултан превод на седниците.

Необезбедување на симултан превод на македонски јазик на јавните седници на Советот на општина претставува грубо прекршување на шверцерски донесениот Закон за употреба на јазиците, кој очигледно дека не беше доволен за да ги задоволи националистичките, сецесионистичките големо-албански апетити на албанските политички партии.

За ова грубо прекршување, членот 1 од Законот за употреба на јазиците предвидува глоба од 4 – 5 000 евра, но Агенцијата за примена на јазикот, предводена од Ардиан Муслиу, не реагира. Токму поради ова, #Левица во деновите што следат ќе поднесе Иницијатива за вонреден инспекциски надзор поради ваквото флагрантно непочитување на македонскиот јазик.