Левица поднесе барање за инспекциски надзор кај „Треска – Се гради без табла

  • Реакција на Политичката партија Левица

Градежната мафија интензивно работи на просторот кај поранешната фабрика „Треска”, откако Герасимовски скандалозно одлучи да го потпише првото одобрение за градба. Иако, ДУП-от за овој простор е спротивен на Генералниот урбанистички план, иако за овој простор се водат две предистражни постапки (за денационализација на имотот и пожарот на овој простор) – сепак, Герасимовски одлучи да удоволи на апетитите на урбанистичката мафија.
Дополнително, стечајците од оваа насилно уништена фабрика, уште од 2005 година ги чекаат своите 24 неисплатени плати!

Бидејќи повеќе жители на Центар реагираа до нас дека на овој простор се гради без поставена табла и необезбедено градилиште, Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор до градежниот инспектор при општина Центар. Согласно Законот за градење, градилиштето мора да е означено со информативна табла која задолжително треба да содржи име, односно назив на учесниците во изградбата, назив и вид на градбата која се гради, надлежниот орган за издавање на одобрението за градење, број и датум на издаденото одобрение за градење.

Бетонизацијата на просторот на поранешната фабрика „Треска” претставува добро организирана шема на КРИМИНАЛ помеѓу Обвинителството, стечајниот управник, Комисијата за денационализација и општина Центар. Иако, катастрофалниот ДУП за бетонизација на овој простор беше донесен за време на ДПМНЕ, Герасимовски од СДС го финализира овој криминал. Иако ДУП се носи на секои пет години, ниту Богдановиќ, ниту Герасимовски не иницираа носење на нов урбанистички план, кој нема да излегува од рамките на хуманото живеење.