Апасиев: ЕВН исклучува струја на сиромашни студенти!

Професорот Димитар Апасиев на својот фејсбук-профил објави порака за исклучена струја на семејство од страна на ЕВН за време на вонредна состојба. Од политичката партија Левица и претходно реагираа дека граѓани пријавуваат исклучување струја за неплатени сметки без никаква опомена, иако на официјалниот сајт на ЕВН стои дека „ЕВН ќе го одложи и исклучувањето на корисниците за неплатени сметки додека траат вонредните мерки.”


„И, викате, сите СТУДЕНТИ се у иста стартна позиција, а? И богатите, и сиромашните. Епа, ај прочитајте ја поракава у инбокс на Левица и убаво размислете два пати:

„Добар ден, во врска со вашиот пост за ЕВН, исто така го потврдувам тоа дека и покрај известувањето дека нема да има исклучување во тек на вонредната состојба, денес – 17.06.2020, е исклучена струјата во семејство со еден родител, моментално невработен, со студент што требаше да полага онлајн испит во 9:00 часот, без претходно известување струјата е исклучена пред испитот, без да има време да се обезбедат услови за полагање. Во оваа држава, не се заштитени ниту правата на образование, ниту правата на ранливите граѓани, ниту некој се грижи за овие граѓани во текот на ваква тешка ситуација! Вонредната ситуација се уште трае, во тек е онлајн испитна сесија, а никој не го интересира што прави ЕВН“ 

И, викате, сите СТУДЕНТИ се у иста стартна позиција, а? И богатите, и сиромашните. Епа, ај прочитајте ја поракава у…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Сряда, 17 юни 2020 г.