Нашата Голгота – мината, сегашна и идна

Во досегашните триесет години самостојност на Македонија, политичките партии кои беа или се на власт, наизменично подржувани од надворешни центри на моќ, континуирано продуцираа лоши состојби и затоа имаме лоша сегашност, а ако продолжат ќе имаме и лоша иднина. Политиките кои ги практикуваа се длабоко погрешни, поради кои се осудени на неуспех.

Имаме општество со незадоволени човечки потреби, а изобилство на неискористени ресурси и можности. Причина за ова е парчосувањето на целото општестово на делови кои полека ги загубиле меѓусебните врски и целите поради кои треба да постојат. Најочигледен пример е образованието каде се образуваат кадри кои се многу малку потребни или не се потребни никому, нити на државата нити на стопанството.

Сите општествени системи законодавниот, извршниот, судскиот, економскиот, образовниот, социјалниот се парчосани, партизирани, обезвреднети, приватизирани, злоупотребени и доведени до непрепознатливост на нивната суштина и затоа не продуцираат барани и очекувани општествени промени и резултати кои би создале развој и раст кои за последица би имале благосостојбата на луѓето. Партизацијата на државата, подвоеноста на луѓето по партиска припадност, присутниот национализам кој се граничи со фашизам, се толку длабоко вкоренети во секоја пора на општеството, што веќе го загрозува интегритетот како на државата така и на општеството во целост.

Потребен е модел на систем со кој ќе можат ефикасно да се контролираат и користат капацитетите на општеството за благосостојба на сите. Само мал реален увид во општествените системи укажува дека постои неискористен голем потенцијал за подобрување на деловноста кај секој правен субјект, независно во кој систем припаѓа. Грижлива политичка партија е таа која општествените процеси кои самата ги предизвикува, ја контролира, канализира и усмерува севкупната држава, знае да ја усмери национална енергија во правец на севкупен раст, развој, успешност за да содаде благосостојба за сите, а не да создава поделби, пизми, клептократија и уште многу други негативности.

Насушно потребен е Национален-државен план за воспоставување и стекнување на општествени вредности со образување, остручување, оспособување и воспитување на управувачките, раководните и контролните структури, во државата, нејзините органи, тела, институции, ЈП, што во целост е од витално значење за постигнување на добри резултати и благосостојба во државата. Образувањето подразбира стекнување на нови и проширување на постоечките знаења, согласно светските искуства, примени и процеси. Остручувањето опфаќа обука и припрема за практична примена на стекнатите знаења, за давање на потребнито квалитет и квантитет во работењето. Оспособеноста значи дека лицата се стекнале со образованост и се остручени за конкретна примена на соодветни вештини, организациски способности за добивање на максимални ефекти од нивнаиот делокруг на работење. Воспитувањето значи прифаќање и практикување на позитивните општествени, општочовечки, државните и национални вредности коко дел од својата личност.

Сите политички, националистички, бирократски, идеолошки дубиози да се тргнат, за да може правовремено да се прилагодат луѓето и системите на актуелните потреби и посакуваните развојни цели за добробит на сите, за спремно да се дочека иднината, во спротивно нема да не биде по сите основи.


Став на Ванчо Спасески, економист и дипл. менаџер за царина и шпедиција.