Апасиев: ДПМНЕ и СДСМ се една иста партија која позади нив стојат олигарсите

На вечерашното гостување на “Само интервју”, Апасиев имаше можност да го искаже своето мислење за моменталната ситуација за македонското судство и обвинителство.

На прашањето: Дали има лек за нашето судство и обвинителство бидејќи граѓаните се’ уште немаат доверба? – Пратеникот одговори дека состојбата во судството постојано се влошува.

Довербата е катастрофа 8%, има лек потребна е политичка воља. После Груевски викавме дека нема полош па дојде Заев, а по него, Таче така што работава оди само кон полошо наместо на подобро.

Според Апасиев, во изминатите триесет години се покажа дека не постои никаква разлика помеѓу двете владејачи партии.

ДПМНЕ и СДСМ се две исти партии и едните и другите имаат банди и бизнис лобија позади нив, а за на крај имаат една мега банда, а тоа се олигарсите кои ни го приватизираа капиталот во 90-тите.

Само Левица е политичка партија која може да се справи со овој проблем бидејќи Левица е нова генерација на политичари.

Целото гостување може да го проследните на следниот линк.