Жртви на израелската агресија се 2.2 милиони Палестинци – Убиени се на 9000 во Газа

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа починале уште 196 лица, што значи дека вкупниот број на убине на палестинска територија бо појасот Газа е зголемен на 9.227.

Само според официјалната статистика, меѓу загинатите има 3.826 деца и 2.405 жени, додека 2.100 лица се водат како исчезнати под урнатините.

Портпаролот на министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, рече дека на болниците во Газа им снемува гориво и дека болниците во Индонезија и Шифа користат помали генератори за да ја задржат струјата само во единиците за интензивна нега, инкубаторите и операционите сали.

Тој го повика Меѓународниот комитет на Црвениот крст да помогне во испораката на крв од сите крвни групи, пренесе АП. Му се заблагодари на Египет за евакуацијата на десетици ранети на лекување во изминатите три дена, додавајќи дека се уште има стотици сериозни случаи кои треба да се евакуираат.