Во знак на солидарност со палестинскиот народ Апасиев се појави на говорница со „Палестинка“

Вчера во Собранието на Република Македонија од страна на пратениците од Левица беше поднесена Декларацијата за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација. Денес, пратеникот Димитар Апасиев на собраниската говорница се појави со марамата која кај нас популарно ја нарекуваме „Палестинка“.

Пратеникот ова го направи во знак на поддршка кон палестинскиот народ, за кој самиот смета дека има многу слична судбина како Македонците од Егејска Македонија. Претходно тој исто така се има појавено на говорница со „палестинка“, тогаш по бомбардирањето на Газа од страна на Израел, кога животите ги загубија над 40 деца.

„Палестинката“ или како што правилно се нарекува „палестинскиот кефије“ (арапски: وفية, романизиран: keffiyyah) е кариран црно-бел шал што обично се носи околу вратот или главата. Кефијето стана симбол на палестинската борба за време на арапскиот бунт од 1936-1939 година во Палестина. Надвор од Блискиот Исток и Северна Африка, кефијето се здоби со популарност помеѓу активистите кои ги поддржуваат Палестинците во конфликтот со Израел и претставува симбол на палестинската солидарност.

Нејзината популарност се зголеми во 1960-тите со почетокот на движењето на палестинскиот отпор и неговото усвојување од страна на палестинскиот политичар Јасер Арафат. Црно-белиот ажур кефије со мрежеста шема подоцна стана симбол на Арафат, а ретко кога можеше палестинскиот лидер да се види без него. Арафат го носел својот кефије на полутрадиционален начин.