Израел врши масовно убивање на деца

Повеќе деца се убиени во Газа во изминатите три недели од вкупниот број деца убиени во конфликти во светот секоја година од 2019 година.

Бројките објавени од невладината организација „Спасете ги децата“ во неделата, повикувајќи се на палестинските здравствени власти, покажуваат дека од 7 октомври досега во Газа се убиени најмалку 4000 деца, додека на Западниот Брег се убиени 36 деца.

Според извештаите на генералниот секретар на ОН за деца и вооружени конфликти, вкупно 2.985 деца биле убиени во 24 земји во 2022 година, 2.515 во 2021 година и 2.674 во 2020 година во 22 земји, соопшти организацијата.

„Смртта на едно дете е премногу, но ова се тешки прекршувања на епски размери“, рече Џејсон Ли, директор на Save the Children за окупираната палестинска територија.

„Примирјето е единствениот начин да се обезбеди нивната безбедност. Меѓународната заедница мора да ги стави луѓето пред политиката – секој ден поминат во конфликт доведува до смрт и повреда на деца. Децата мора да бидат заштитени во секое време, особено кога бараат безбедност во училиштата и болниците“.

Современата историја не памети за вакво масовоно убивање на дева од официјална државна армија. Ваквите дејствија се воени злосторства. Нејасно е зошто земјите од колективниот Запад се’ уште го поддржуваат дејствувањето на Израел.