Левица обелодени криминална приватизација на имотот на фабриката „Треска“

  • Реакција на Левица – ЛО Центар

Документи до кои дојде Левица преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска”, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска”.

Период кога СТЕЧАЈЦИТЕ на Треска се борат за своите 24 заостанати плати за она што им следува од фирмата во која го поминале својот животен век, тогашните центарски власти без око да им трепне за човечките судбини, го раздаваат земјиштето на Треска како да им е своина! Тогашната Комисија при општина Центар носи скандалозно решение, со кое 92% од имотот кој припаѓал на работниците, завршува во рацете на фамилијата ВИКИНТИЈЕВИЌ. Како да не е доволно ова, покрај земјиштето, Викинтијевиќ го добива и ДВИЖНИОТ ИМОТ на фабриката, со што стечајците се оставени без никаков имот од кој можат да ги реализираат своите побарувања.

Најголема одговорност за скандалозната приватизација, со која СТЕЧАЈЦИТЕ СЕ ОСТАВЕНИ НА НЕМИЛОСТ, имаат минатиот градоначалник на Центар – Саша Богдановиќ, тогашната претседателка на Советот на општина Центар – Јана Белчева и сегашна советничка, како и Комисијата на архитекти при кабинетот на градоначалникот чиј тогашен член е и денешната советничка Дивна Пенчиќ.

Зошто сите овие функционери денес МОЛЧАТ за судбината на стечајците?!

Утре (ВТОРНИК) Левица повторно организира протест против криминалите со поранешната фабрика „Треска”. Овој простор не е само урбанистички проблем – ова е прашање и на работнички права олицетворено во голготата на стечајците! Повикуваме на масовност утре, во 17 часот, на протест пред поранешната фабрика – бидејќи за сите нас се работи!