НАТО вежба на Косово со над 25.000 војници, ќе учевствува и Македонија

Косово по втор пат ќе биде домаќин на меѓународната воена вежба на НАТО под името „Бранител Европа 2023“ која започнува на 21 мај, а завршува на 2 јуни. На неа ќе учествуваат повеќе од 1.300 војници само од Косово.

За време на вежбата ќе бидат ангажирани голем број персонал и единици од САД, Албанија, Македонија, како и тимови од Хрватска и Турција, додека на вежбата одржана во 2021 година учествуваа само единици на САД.

Повеќе од 25.000 војници од НАТО и партнерските земји ќе вежбаат во разни области за обука за да ги покажат борбените способности, оперативната подготвеност и да ја подобрат меѓусебната координација“, изјави шефот на Одделот за операции и обука на косовски безбедносни сили, полковник Ејуп Македончи.

Според планот на вежбата Косовските единици ќе се истоварат во Албанија, Хрватска и Македонија, додека странските партнери ќе вежбаат на полигоните во Бабај во Бока и на аеродромот во Ѓаковица.