Апасиев: Ни Грујо не упаѓаше по дома на опозициски пратеници

Пратеникот во Собранието и лидер на Левица, Димитар Апасиев, изутринава пред започнувањето на Седницата во Собранието за гласање на недоверба во владата објави неколку статуси на социјалната мрежа Фејсбук, кои алудираат на вршење притисок врз пратениците од опозицијата кои денес треба да изгласаат недоверба.

Ни Грујо не упаѓаше по дома на опозициски ПРАТЕНИЦИ со имунитет бе, мамичето ваше мафијашко!!! Ќе паднете денес и никад више нема власт да помирисате, багро една предавничко-мафијашка.

По оваа објава, не беше јасно за каков упад станува збор, еден час од оваа објава Апасиев се огласи уште еднаш преку социјалните мрежи.

Упад на полиција кај опозициски пратеник, ноќта пред гласање на доверба на Влада, има само у Белорусија бе, либтарди едни “проевропски”!!! p.s. Не знаете шо ве чека!

По оваа објава стана јасно дека станува збор за упад од страна на полицијата, засега нема информација во домот на чиј пратеник се случил овој упад и која е причината за истиот. Во текот на денот се очекуваат изјави од официјалните власти, единствено е сигурно дека оваа ситуација е создадена заради политички притисок пред гласањето недоверба во Владата.