Антиамерикански протести во Етиопија

Десетици илјади Етиопјани минатата недела се собраа во Адис Абеба за да ја поддржат владата на премиерот Аби Ахмед додека федералните трупи се борат против бунтовничките сили кои се закануваат со напад на главниот град.

Демонстрантите ги осудија САД, кои активно се мешаат во конфликтот меѓу етиопската влада и бунтовниците, особено ширејќи лажни вести за ситуацијата во Етиопија и нивната Влада. „Срам да ви е, САД“, е една од паролите, на друга парола пишуваше дека САД треба да престанат да ја „цицаат крвта на Етиопија“, имаше и пароли кои повикуваа Би-Би-Си и Си-Ен-Ен да бидат забранети. Според протестирачите овие две телевизии се бастион на лаги што се шират низ Западните земји за Етиопија.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во вторник ја обвини Етиопија дека направила „големи прекршувања“ на човековите права и најави дека планира да ја исфрли земјата од американскиот трговски договор. Конфликтот во северниот дел на земјата започна пред една година кога силите лојални на ТПЛФ ги окупираа воените бази во регионот Тиграј. Како одговор, Аби испрати војници, кои првично ја протераа ТПЛФ од регионалниот главен град Мекела, но се соочија со големи напади и пресврт во јуни оваа година.

Демонстрантите изразија гнев поради повикот на САД до етиопската влада и ТПЛФ да преговараат. „Тие сакаат да ја уништат нашата земја како што направија со Авганистан. „Тоа никогаш нема да успее, ние сме Етиопјани“, велат протестирачите.

Градоначалникот на Адис Абеба, им се обрати на демонстрантите и ги потсети на етиописката историјата на кон колонијалните сили. Протестите беа одржани викенот, а масовните собири во Адис Абеба ја изразија својата поддршка за владата на Етиопија, можноста за нови протести засега не е исклучена.