Социјалистичка Кина наспроти капиталистичка Европа

Текстот е преземен од RNP-F.


Ако сте меѓу оние кои што се’ уште се чудат зошто мерките за стопирање на ширењето на зараза кај нас се’ уште не вклучуваат затварање на школите, фабриките и стопирање на јавниот превоз, тогаш очигледно не ви е јасно во кој систем живеете.

Италија, чија економија е неспоредливо поголема од нашата (Србија), исто така постепено и со доцнење ги воведуваше тие мерки бидејќи логиката на капиталот бара континуирана максимизација на профитот без грижа за човечките потреби. Исто како во Италија во подеднакво капиталистичката Србија (а притоа далеку послаба и зависна), има уште помалку простор за здраворазумски и ефикасен пристап се додека ситуацијата не стане критична.

Затоа и официјалните лица ќе продолжат да ви зборуваат за “самоизолација”, за “неодговорност према себе и другите” (како да сите поседуваме автомобили и да н емора да користиме јавен превоз, или да може да си дозволиме да не одиме на работа) префрлувајќи ја на тој начин одговорноста на вас.

Од друга страна Кина чија економија е мешовита покажа дека нејзиниот мнозински социјалистички сектор е спремен да ја одигра водечката улога во вакви кризни ситуации, и наспроти капиталистичката логика, социјалистичкиот сектор е спремен да превзема чекори према човечките потреба контра капиталот, притоа не водејќи сметка за економските последици. И сега поставете си едноставно прашање: дали би се чуствувале побезбедно кога со кризната ситуација би се справувала кинеската или вашата влада? Секако во игра се и италијанската влада (во која уште по некој член остана незаразен) и американската (која сеуште истражува што е тоа коронавирус).

Инаку научниците го сметаат степенот на смртност на коронавирусот за “позитивен” ако го споредите со смртноста од загадувањето на атмосферата (Светската Здравствена Организација проценува дека глобално бројката е околу 7 милиони), па излегува дека заради намаленото загадување како последица на затварањето на фабриките и намаленото патување се спасени дополнителни животи. Тоа ја прави победата на Кина уште поголема.

Искрено не ни пречеше додека западните медиуми ја исмеваа Кина (додека и ним не им чукна вирусот на врата) и со тоа ја засилуваа дискриминацијата на Азијатите генерално, бидејќи тоа некако ним им доаѓа природно. Сепак расизмот е неизоставен дел од културниот карактер на западната цивилизација. Но кога видовме дека и наши граѓани потпаѓаат под тоа влијание, било да ги избегнуваа и исмејуваа Кинезите или напаѓаа мигрантите ни беше ужасно срам. Бидејќи народот кој го љуби угнетувачот, а ја напаѓа жртвата, тешко дека ќе има перспектива.

Тоа што сега западните земји не се предмет на исмевање на кинеските медиуми како неспособни да се справат со епидемијата, или на пример нас, како технолошки заостаната и зависна држава, само покажува дека на едно повисоко ниво на општествена организација вистинските луѓе се концентрираат на вистинските работи и не губат време со идиотштини. Додека Франција и Германија го ограничуваат извозот на медицинска опрема, Кина несебично праќа помош во медицинска опрема и заштитни униформи на земјите на кои таа толку им е потребна.

Мијте ги рацете почесто и менувајте го системот!


Фото: Вејли Жанг шампионка во УФЦ, која на 8-ми Март на денот на жената ја демолираше пољакињата Јоана Јенжејчек која претходно ја исмеваше на Твитер со фотошопирана слика со хируршка маска на лицето.