Левица: Земјоделското производство во слободен пад

  • Реакција на Политичката партија Левица

Јасно е дека се остваруваат мрачните прогнози од минатата година, бидејќи долго време се соочуваме со индикатори кои укажуваат дека земјоделското производство на храна во државата постепено ќе згаснува!

Деновиве излегоа и официјалните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат алармантни бројки во откупот на земјоделски производи во првото тромесечје од 2023 година.

Во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 136 295 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година намалени се за 35.3 отсто.

Значително намалување е забележано кај откупот од индивидуалните земјоделски производители, при што се потврдува нашата теза дека актуелната влада на СДСМ и ДУИ спроведува агенда на дезинтеграција на македонскиот земјоделец кој живее од сопствениот труд, а на сметка на увозот од странски земји и големите корпорации.

Како партија на земјоделците и работниот народ, за Левица јасни се заложбите и позициите кои се неопходни за во овој момент да се заштитат индивидуалните производители од сите штетни политики на актуелната владејачка гарнитура и нивната олигархија која профитира од ништењето на македонскиот земјоделец.