Петров: Можности за производство на памук во Република Македонија

  • Фејскбук статус на Никола Птеров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор

Памукот е индустриска култура која е барана на глобалниот пазар и чија цена континуирано расте. Производството на памук е важно за развојот на текстилната и маслодајната индустрија. Од неговото семе се прави квалитетно масло за човечка исхрана, а коспето се користи за сточна исхрана.

Во Македонија памукот интензивно почнува да се одгледува во периодот по Втората светска војна. Така во 1948 година во земјава имало 16.000 хектари со памук. Во доцните 60-ти и почетокот на 70-тите години на 20-от век, површините се намалиле на околу 10.000 хектари на кои се произведуваше 7.700 тони суров памук.

Реони каде во минатото се одгледуваше и се уште може да се одгледува памукот во Македонија се по долината на реката Вардар, Црна Река (реоните на Велес, Неготино, Кавадарци, Струмица, Богданци и Валандово) и Брегалница (реоните на Штип и Кочани). Во овие делови на Македонија има почвени а особено климатски услови за негово успешно одгледување, како и системи за наводнување. Факт е дека некогашните површини на кои се одгледуваше памук сега се преорентирани кон други доходовни и пазарно јасно ориентирани култури (праски и градинарство во Росоманско, градинарство на отворено и пластеници во Струмичко), затоа производството на памук би требало да се одвива на површини кои се плодни, но немаат доволно системи за наводнување и каде доминира пченицата. Треба да се напомене дека и во времето кога годишното производство беше максимално (околу 15000 тони суров памук односно 4-5000 тони влакно), добиеното производство во тогашниот период не беше доволно за да се задоволат потребите за памук на домашните (македонските) предилници за памук, тврди професорот Златко Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Во своето истражување посветено на можностите за враќање на оваа култура на нивите, професорот Арсов посочува дека тоа претставува алтернативен и одржлив сектор за македонските производители, во контекст на поволните климатски услови, но и во период кога Светската здравствена организација бара намалување на површините со тутун, земјоделците да се преоринтираат кон производство на памук.

Моментално НР Кина е најголемиот производител на памук во светот, со засеана површина од 3 милиони хектари и 13,68 милиони тони.

Прилог слики од жетва на памук во НР Кина.

#ЗемјатаНаЗемјоделците