(Видео) Крмов: Зошто не е разрешен директорот на Клиничкиот центар во Штип?

Борислав КРМОВ, со пратеничко прашање до Заменик министерката за здравство, Манолева:

„Моето прашање се однесува на ХАОСОТ кој моментално се случува во таканаречениот Клинички центар во Штип. Како прво, градбата е заглавена веќе седум години и едно од објаснувањата е заради ковид-кризата. Другото објаснување е дека изградбата е заглавена во правни лавиринти.

Понатаму, имаме ситуација каде вентилацијата во просторијата каде се врши компјутерска томографија е РАСИПАНА веќе две години! Ние зборуваме за соба која е полна со радиоактивен воздух и не работи системот за филтрација и не е поправен две ипол години.

Понатаму, во популарно наречената бања „Кежовица”, која е под надлежност на Клиничкиот центар од Штип – НЕ РАБОТИ ЛИФТОТ веќе шест-седум месеци! Пациентите не можат да ја добијат терапијата, затоа што болничарите не можат да ги качуваат по скали. И за сето ова време, од наши непроверени информаци, директорот Ален Георгиев од СДСМ има купено три стана, три автомобили и гради викендичка во Берово.

Моето прашање е: зошто на ваква катастрофална ситуација во Клиничкиот центар во Штип директорот Георгиев не е РАЗРЕШЕН и дали планирате да преземете чекори за подобрување на условите во истиот?!