Колку заработуваат спроведувачите на „етничкиот инженеринг“ во Македонија

Пописот како статистичка операција бара прилично големи средства за нејзино успешно спроведување. Постоечкиот закон, по кој Владата се обидува да го спроведе пописот содржи голем број слабости, кои во корелација со умислите кои ги содржат Законот за лични карти и Законот за државјанство, јасно укажуваат дека постои обид за спроведување на етнички инженеринг во Македонија. Ваквите владини решенија наидоа на силен отпор, одбивност и бојкот кај граѓаните, заради што оваа статистичка операција веќе еднаш беше одложена.

Пропустите во методологијата кои се косат со европските практики и препораки на институтите како Евростат, Венецијанската комисија и т.н. допринесе граѓаните да не сакаат да се пријават а учество во оваа статистичка операција, што ја доведоа Владата во ситуација да мора да ги зголемува хонорарите на попишувачите, кои во пракса се само еден дел од финансискиот товар наменет за човечки ресурси во исполнувањето на „операцијата“.

Луѓето од врхушката задолжени за спроведување на ваквиот „попис“ се оние кои најмногу профитираат. Но, државните хонорари не се единствените полначи на нивните џебови. Европските ИПА фондови имаат посебен придонес во тоа. Така директорот Апостол Симовски кој го плаши народот со глоби доколку некој одбие да се попише, неколкукратно „заработил“ хонорар од 100.000 денари. Но, тој не е единствениот таков. Во табелите подолу, погледнете со колкави хонорарите се полнат џебовите на спроведувачите на пописот.