АктуелноЛокално

Пензионерите гвневни на Владата – најавуваат нов протест

Реакција на Левица – Социјален сектор

Пензионерите подготвуваат нов масовен протест на 06 Ноември, во Скопје.

Откако со месеци протестираа, а Владата ги игнорираше нивните барања, овој пат пензионерите протестот ќе го одржат пред странските амбасади?!

Пред кои амбасади ќе се одржи протестот и зошто токму пред странските амбасади, одговор ќе треба да дадат самите пензионери.

Владата наместо да ги сослуша и да најде решение за тешката состојба на пензионерите, продолжува да ги игнорира нивните барања за линеарно зголемување на пензиите, со што дополнително го зголемува нивниот револт.

Апелираме, Владата конечно да почне да делува како државотворен орган, да покаже разбирање кон пензионерите и да ги прифати нивните барања.