Израелците бомбардираа христијанска болница – најмалку 500 загинати

Израел само што ја бомбардираше болница Ал-Ахли во Газа исполнета со пациенти, лекари, медицински сестри, медицински персонал и луѓе кои се засолниле. Болница Ал-Ахли се смета за една од најстарите христијански болници во градот, основана уште во 1882 година.

Министерството за здравство на Газа, соопшти дека најмалку 500 луѓе загинале во експлозија, за која рече дека била предизвикана од израелски воздушен напад.

Доколку се потврди, овој напад ќе биде убедливо најсмртоносниот воздушен напад на Израел во петте војни од 2008 година.

Израелската војска соопшти дека го проучува извештајот. Тие велат дека се уште немаат детали за наводниот бомбашки напад на болница Ал Ахли.

Погледнете го нападот:

Видео