АктуелноЛокално

Sounding Worlds: концерт на Стефан Кристоф во Културно информативен центар Скопје

На 17.10 (вторник) во Културно информативниот центар Скопје -Салон 19:19 со почеток од 20 часот ќе се одржи Sounding Worlds: концерт на Стефан Кристоф.

Sounding Worlds е проект/изведба за пијано и звучни пејзажи предводени од музичарот и активист Стефан Кристоф. Во оваа изведба во живо на проектот Sounding Worlds ќе ја слушнете акустиката на внатрешниот градски транзит, тоновите на метрото во Монтреал, до зимските прошетки по снежните улици во градот, особено од областа каде живее имигрантската работничка класа Park Extension, каде во моментов се одвива голема борба против гентрификацијата. Исто така, ќе чуете звучни прошетки низ Тихиот Океан од пролетта 2022 година, ќе го слушнете гласот на боливиско-канадскиот поет Алехандро Саравија и музиката на пеачите на Бафало Хет кои настапуваат на зимскиот протест за да повикаат на правда во случаите со исчезнатите и убиени домородни жени… Конечно, како придружба на клавирот, ќе слушнете две прекрасни синтисајзерски дела создадени од неговиот брат Јордан Кристоф со кој го делат дуетскиот проект наречен Anarchist Mountains.

Sounding Worlds е во суштина современ музички проект кој зборува за овој момент на глобална итност на креативни начини.

Стефан двапати го претстави Sounding Worlds во 2022 година во Софија, Бугарија. Неодамна Стефан го претстави Sounding Worlds во западна Европа, во 2023 година, во Willem de Zwijgerkerk во Амстердам и во Берлин во Morphine Raum. Sounding Worlds беше претставен на серија концерти во Онтарио, Канада.

***

Стефан Кристоф е канадски новинар со македонско потекло, активист со седиште во Монтреал. Како социјален активист и уметник, Кристоф е вклучен во бројни напори за градење врски помеѓу грасрут активизмот и креативните уметности. Помеѓу 2000 и 2002 година Кристоф го координираше „Howl! Festival of Art and Revolution“. Исто така вклучен е во серијата концерти Artists Against Apartheid во Монтреал, настани во кои се појавуваат уметници од целиот музички спектар кои настапуваат во знак на солидарност со Палестина. Кристоф беше активен со Меѓународното движење за солидарност (ISM), движење на активисти предводени од Палестинците кои работат на спротивставување против израелската окупација во палестинските земји. Во 2003 година Кристоф отпатува во Палестина за да работи со палестинските граѓански групи и ISM, но бил приведен и депортиран во Јордан.

Покрај активизмот и музиката се бави и со фотографија. Со неговиот брат Јордан член е на повеќе музички проекти и групи со кои имаат издадено многу албуми.

Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028