Законот важи само за сиромашните – ДПМНЕ ги поскапува комуналиите и во Охрид

  • (Реплика на советничката Виолета Аврамоска кон директорот на ЈП Водовод – Охрид, Марјан Ристески во Советот на Општина Охрид)

Што се однесува до законите, да, постојат закони, но во оваа држава за жал законите постојат само за сиромашните, но не и за богатите. Кога зборувам и кога пишувам на Фејсбук, секогаш пишувам социјални теми, бидејќи и претходно кажав, овие поскапувања најмногу ги засегаат припадниците на пониските класни слоеви, да се извинувам, немам намера.

Значи немам намера да се извинувам бидејќи тоа е вистината, прво лично јас сум засегната од овие поскапувања затоа што претпоставувам дека малкумина од вас знаат како да живееш една недела или цел месец со исклучена струја, затоа што совршено добро ги разбирам проблемите на сиромашните и токму поради тоа немам намера да се извинам, ниту ги прифаќам овие поскапувања, а како што кажав за законите, законите си постојат само за нас сиромашните, додека богатите се заштитени од законите, од државата и од системот во кои живееме и сме вратени во среден век.