„И вака се сака овој град“ тури за движното и недвижното културно наследство во организација на Музеј на град Скопје

Деновиве во организација на Музеј на град Скопје, ќе бидат организирани неколку тури од проектот„И вака се сака овој град“ за актуализирање на движното и недвижното културно наследство во Скопје.

Посетителите ќе можат да дознаат повеќе за историјата на Скопје низ овие тури.

Првата тура започнува во сабота 14.10.2023 со почеток во 12ч.,

Петок 20.10.2023 со почеток во 13ч.

Сабота 21.10.2023 со почеток во 12ч.

Почетна локација: Музеј на град Скопје (Стара железничка)

Времетраење: околу 2 часа.

Турата почнува во Музеј на Град Скопје (објект стара железничка станица) преку разглед на актуелните поставки со музејски водич, продолжува преку Камениот мост и завршува во музејот на Старата чаршија во Сули Ан (депанданс на Музејот на град Скопје).