Зошто ковид-вирусот не е обичен грип

Преку еден твитер-пост, вработена на одделот за онкологија го објаснува искуството со ковид-вирусот.



Сега ќе напишам една подолга нишка и ќе ви објаснам најпросто се за Ковид 19 и вакцините. Ова што ќе го кажам е чиста вистина и не ми контрирајте, нема да одговорам. Повеќе од 10 год работам на онко оддел со луѓе без имунитет. Се тестирам на респираторни вируси редовно, секоја година, уште пред ковид 19, заради моите пациенти . Во медицината сум од 18 година, значи повеќе од 25 години. Клиника и лабораторија работам. Значи не само од книги, од искуство зборам.

1. Дали кога вашите деца, внуци од мали деца од градинка се болни, сте вие исто болни? Многу ретко. Дали сте ги тестирале кој конкретно вирус е? Не. Не заболувате и не е битно кој вирус е , оти сте природно со прележување или вакцинација имунизирани. Дали има паника ? Не. Затоа што лесно ги преболуваме 90% од нас здравите.

Знаете ли дека има преку 10 респираторни вируси кои кружат меѓу нас нон стоп. Јас ги знам оти за моите болни се битни, тоа се: риновирус, аденовирус, параинфлуенца, коронвирус, ентеривирус и сл. Со овие вируси живееме и нема потреба да се вакцинираме, оти немаме последици. Ковид 19 е нов, непознат за нашиот организам до сега и кај многу луѓе предизвикува посебна состојба која е смртоносна. Вакви вируси досега сме немале, дури и лабораториски се сосем поинакви резултатите. Ваков беше САРС и Мерс, но брзо се ограничија и не предизвикаа пандемија.

Е овој поради модерниот начин на живот( никад човекот не патувал толку) се рашири брзо и заради неможноста од вистински карантин е вон котрола и предизвика пандемија. Како ќе се бориме. Едини начин во моментов е вакцинација. Не дека ќе изгине, но ќе стане еден од бенигните вируси и ќе живееме со него. Не постои човек што ќе дојде у контакт и нема да се зарази. Дали ќе се разболи или не е тука е поентата. Некој невакциниран лесно ќе помине, но не секој.

Огромно луѓе имаат потреба од 02 и тоа е ургентна состојба која бара хоспитализација. Тие со имунска бура ќе умрат и покрај хоспитализација. Значи ниедна држава нема болници, кревети и персонал за ваква пандемија. Значи страдаат и нековид болните. Со масовна вакцинација ќе го направиме ковидот како обичен вирус и ќе живееме нормално. Ќе ги заштитиме и тие кои не смеат да бидат вакцинирани заради посебни болести и состојби. Друго решение у моментов немаме.

Сега ќе речете вакцината не е сигурна. Да, сигурна е исто колку и другите лекови кои секојдневно ги голтате. Секој е различен и некој и од парацетамол умира. Никој нема корист од масовно умирање заради вакцинација, напротив масовно ќе се умира ако не вакцинираме, вирусот мутира оти за брзо време се шири меѓу многу луѓе . Вакцината е сигурна и влијае на лимфоцитите и имуноста, а не на сперматозоидите и др.клетки. 11 месеци сме на оддел вакцинирани сите. Имаме 3 поствакцинални бебиња и 3 од вакцинирани трудни мајки. Сите сме живи и здрави.

Тие што викаат дека не е сигурна, па макар биле и нобеловци ..ги згазило времето и науката. Науката оди напред и ако не си апдејтан секој ден, не вредиш ништо па макар бил нобеловец пред 20 години. На крајот на краиштата и не мора се да разбирате. И ја не разбирам квантна физика па верувам што ке ми кажат научници. Сега друг начин да се спречи оваа пандемија. За 10 години може ќе откриеме нешто друго. Но сега е така.

Едино што не е точно и нека разберат надлежните е дека по преболеност имаш околу 6 месеци имуност, а не 40 дена. Апсолутна небулоза е тоа. И да, и за грип се вакцинираме секоја година, оти се менува вирусот. Ама не толку опасен и немаме навала во болница и смртност ко ковид и затоа не ве тераме сите да се вакцинирате. Пандемијата не само болест и смрт, туку и сиромаштија носи. Сиромаштија за вас обични луѓе. Не за богатите, нив им носи уште поголемо богатство и они ги плаќаат овие антивакцинални кампањи на кои поради незнаење и лошо менаџирање на властите наседнувате. Дајте да му ставиме крај на овој начин на живот кој носи само болест и сиромаштија.