11 Октомври, центарот на Гевгелија – знамето на пола копје

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – советник од Политичката Партија Левица во Гевгелија

11 Октомври, центарот на Гевгелија. Знамето на пола копје.

Најголем празник после Илинден е или ден на жалост???

Да биде трагедијата поголема денес се славеше и јубилеј, 100 години ФК Кожуф па имаше и гости од страна.

Знамето НЕ Е ОБИЧНО ПЛАТНО!!!

Знамињата се во употреба 3 000 години и тоа во најопасниот човечки настан, ВОЈНА.

Со знаме во фронтални борби, во метежот се разликувале нашите од непријателот. Паднато знаме на бојно поле значело дека единицата која треба да го држи исправено на тој дел од фронтот е поразена.

На крај на краиштата и денес знамето уште означува ДО КАДЕ Е НАШЕТО и од каде почнува туѓото.

На свет датум, државен празник, зачинет со златен јубилеј, знаме на пола копје сред центар, на огромен јарбол не е бенигна и случајна глетка.

Тоа е израз на односот на заедницата кон она што треба да биде свето, НАШЕТО.

А нашето од ден на ден е се помалку и помалку. И тоа не е случајно. Тоа е последица на логиката дека личниот интерес е побитен од јавниот, дека не е проблем да се наштети на заедничкото, нашето, за сметка на тесни лични интереси без разлика дали на поединци или мали групи.

И, гледајќи го знамево, до каде е нашето или уште побитно, до кога ќе биде нашето?