Клер Дејли до Урсула Фон Дер Лајен: Која си ти да зборуваш во наше име?

Популарната независна европратеничка од Ирска, Клер Дејли која постојано говори „без влакна на јазикот“ распали на твитер по Претседателот на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен во однос на моменталната ситуација помеѓу Палестина и Израел. За која Урсула објави дека Европа „стои со Израел“.

„Денес, терористите на Хамас го погодија срцето на Израел заробувајќи и убивајќи невини жени и деца. Израел има право да се брани – денес и во наредните денови. Европската унија стои со Израел“, – напиша вчера Претседателот на Европската Комисија,

Нејзината објава ја сподели ирската европратеничка, која жестоко го осуди зборувањето на Фон Дер Лајен во име на сите од Европската унија и додаде „Европа не стои зад Израел – Ние сме за мир.“

„Што се замислуваш дека си? Вие сте неизбрана и немате овластување да ја одредувате надворешната политика на ЕУ, која ја одредува Европскиот совет. Европа НЕ ‘стои со Израел’. Ние се залагаме за мир. Вие не зборувате за нас. Ако немате ништо конструктивно да кажете, а очигледно немате, подобро молчете“ – напиша Клер Дејли.