Форум „Кина и Западен Балкан: Перспективи и изгледи во новата ера”

Во организација на Центарот за глобални промени на Филозофскиот факултет од Скопје и Албанскиот институт за изучување на глобализацијата од Тирана денес се одржува Форумот „Кина и Западен Балкан: перспективи и изгледи во новата ера”. Собирот го поздравија проф. Билјана Ванковска, д-р Марсела Мусабелиу и амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо.

Фото: Центар за глобални промени

На Форумот учествуваат 20 научни работници од Македонија и Албанија кои се осврнаа на главната тема низ призма на повеќе академски дисциплини.


Општ е заклучокот дека постојат бројни можности за меѓусебна соработка во рамки на иницијативата Појас и пат, но и во билатералните односи. Посебно внимание беше посветено на новата кинеска стратегија за заедничка иднина на човештвото презентирана и пред ООН.