Македонците не толерираат фашистички клубови – Повторно оштетен клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид

„Вчеравечер повторно беше оштетено стаклото на бугарскиот клуб ‘Цар Борис Трети’ во Охрид“, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вчеравечер во 19 часот и 12 минути во СВР Охрид беше пријавено оштетување на стаклото на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“, во трговскиот центар Амам во Охрид.

„Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот, при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје“, изјави Димоски за МИА.

За настанот беше известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Пред само два дена со камен беше оштетено стаклото и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“, кој беше отворен минатиот месец во Охрид.