(Видео) Левица: Стојкоски го уништува здравјето на жителите во населба Дексион

Реакција на Левица – ЛО Ѓорче Петров

Жителите на населбата Дексион во Општина Ѓорче Петров се жртви на константен дим и неподносив воздух. Предизвикувач на ваквата состојба е најчесто палењето на дивата депонија на влезот во Ѓорче Петров, односно Ѓорче Петров 2.

Во неколку наврати апелиравме за овој проблем, но за жал, и покрај промената на општинската власт, игнорантскиот однос како на екс-градоначалникот Наумоски, така и на актуелниот градоначалник Стојкоски продолжува.

Како и многупати досега, жителите на Ѓорче Петров вчера беа изложени на отровен воздух, а причинител беше токму палењето на гореспоменатата депонија со секаков вид отпад.

Воздухот кој го дишеме постојано е исполнет со честички кои предизвикуваат сериозни проблеми за здравјето на сите нас. А негативните последици се особено сериозни за децата и старите лица.

Градоначалникот Стојкоски е редно време сериозно да си ја сфати одговорноста и конечно да се заангажира околу неговите предизборни ветувања.