Власта потпишувала тендери без објавување на јавен оглас

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година. Мониторингот објавен од нивна страна покажува бројни слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите.

Според објавеното во Извештајот, за првото полугодие од оваа година, преку нетранспарентната постапка, со преговарање и без објавување оглас се склучени повеќе договори, со вредност од околу 8 милиони евра.

ЦГК наведува дека вакво спроведување на тендери властите спроведувале во институциите како на национално, така и на локално ниво.

„Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 отсто од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.„ – известуваат од ЦГК.

Во клучните наоди од Извештајот, ЦГП е наведено постоење и примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата, односно на тендерите имало помалку од еден понудувач.

„На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда. Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 проценти, соопшти Центарот за граѓански комуникации.“