До редакцијата на Антропол пристигна анонимно писмо од група професори на Универзитетот,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје во кое се споделува информацијата дека Ректорот на најголемиот државен универзитет врши настава на приватни универзитети каде за упис студентите плаќаат и до 2000 евра. Во прилог ви го пренесуваме целиот текст од писмото:
Кај нас постои стравување од користењето на контактите и здружувањето за приватни и бизнис интереси како карактеристика на лицето Биљана Ангелова, што можат да се одразат или веќе се одразуваат на нашиот Универзитет.
Она што за академската заедница е особено страшно е што Биљана Ангелова, од позиција на проректор и сега ректор на Универзитетот вршела и врши настава и на приватни т.н. академии. Меѓу другото, Ангелова е обучувач на „Прогресив академија“ која е регистрирана како фондација, формирана од МАКПРОГРЕС ДОО Виница, во чиј Управен одбор членува лицето Ангелова. Според јавно достапните податоци, надоместот за упис на оваа приватна т.н. академија изнесува 1900 евра. Евидентно е и заобколување на Законот за високо образование.
Сите овие јавно достапни информации укажуваат дека интересот и интегритетот на државниот Универзитет за неговиот ректор може да бидат или веќе се подредени на приватниот, личен интерес и интересот на бизнисот.
Со цел да биде заштитен интегритетот на Униврзитетот, и јавно од Државната комисија бараме за секој од наводите да постапи во согласност со своите надлежности и јавно да извести за својата одлука.
Истовремено, јавно ги повикуваме и сите други надлежни институции во државата да ги имаат предвид наводите во Пријавата на кои укажуваме и да постапат во рамките на своите надлежности за да се заштити Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје