Државата во тотален хаос – Пратениците на СДСМ и ДПМНЕ драматизираат и дефокусираат со непостоечки проблеми

Кој ќе одговара но и кој тргувал со животите на онколошките пациенти и дали надлежните органи ќе превземат нешто за конечно расветлување на овие предмети едни од главните прашања на седницата за пратенички прашања.

Опозицијата прашуваше но и обвинуваше власта пак со став да не се злоупотребува овој случај за партиски поентирања а велат сторителите со име и презиме ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

Атмосферата во седницата стана тензична и по однос на прашањето за пензионерите и нивните протести кои бараат повисоки пензии откако министерката Тренчовска одговарајќи на ова прашање предизвика реакции кај опозициските пратеници кои од говорницата ја прашуваа дали истата ја користи како партиски митинг но не го поштедија ниту вицепремиерот за европски прашања Маричиќ .

По случувањата и дадената пауза од седницата веднаш се огласи на својот Ф.Б статус вицепремиерот Маричиќ.

„Најостро ги демантирам недостојните ниски лаги на пратеничката Дафина Стојановска . Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум испратил било каква вербална и гестикулативна порака. Ништо од тоа. Дафина Стојановска денеска им нанесе срам на сите пратеници на цел Парламент и пред се на нејзината партија. Сепак најголемиот срам си го нанесе сама на себе“ – напиша Маричиќ.