На Косово се пука, Вучиќ ќе се обрати на нацијата во 20 часот

Рано утринава на влезот во селото Бањска кај Лепосавиќ се случи инцидент во кој загина еден припадник на косовската полиција, а друг беше ранет, а официјален Белград и Приштина меѓусебно се обвинуваат за новонастанатата ситуација.

Мештаните се затворени во куќите и никој не смее да излезе надвор бидејќи се слушаат истрели на ридовите околу манастирот Бањска.

Според премиерот на Косово,  Албин Курти, „Фотографиите покажуваат дека не се работи за вооружени цивили или за ‘шверцерски банди’, туку за професионални воени и полициски сили кои влегле на територијата на Косово. И внатре во манастирот и надвор од манастирот, покрај надворешниот ѕид, може да се видат оклопни автомобили без регистарски таблички и тешко оружје“.

Според последните информации од косовската полиција, тројца напаѓачи се убиени, има и четворица уапсени и дека тензиите не стивнуваат .

На обвинувањата на Приштина одговори претседателот на српското собрание Владимир Орлиќ кој изјави дека Курти веднаш побрзал да ги обвини Србите.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ вечерва во 20:00 часот ќе се обрати на нацијата.

Од Канцеларијата за Косово и Метохија, најавија дека Вучиќ на пресот ќе ги разоткрие „сите лаги и шеги на  Курти, креаторот на хаосот и пеколот на Косово и Метохија“.