Зуроф: Бугарите извршиле злосторства врз Евреите од Македонија

Несомнено е дека за депортацијата на македонските Евреи е одговорна Бугарија, но одвратно е што сега се прави притисок за да не се открива вистината. Ова го вели за Канал 5, Ефраим Зуров, израелски историчар кој е роден во Америка, кој како ловец на нацистите има клучна улога во изведување на судењето на обвинети нацистички воени злосторници.

„Многу е важно да се идентификуваат луѓето кои се одговорни за депортација на Евреите од Македонија. Зборуваме за Бугарите, кои ги спасиле своите Евреи за да не бидат испратени во Треблинка 50.000 Евреи, но на териториите кои тие ги добија од нацистите кога се приклучија на силата на Оската д Грција, од Србија, од Југославија, тие ги заробија, како и до Македонија се разбира, 7.144 Евреи и ги испратија во Треблинка, а оттаму ниту еден Евреин не се врати. Вкупно 11.343 од Пирот, од Тракија и од Македонија.“

Во однос на обидот Бугарите, израелскиот историчар на холокаустот и директор на Центарот „Симон Визентал“ во Ерусалим додаде дека Бугарите да се прикажат како администратори Зуров е лага, тие се целосно одговорни за овие депортации.

„Тие ги направија и треба да чувствуваат вина за испраќањето на овие луѓе, на овие невини луѓе чија единствена вина за да бидат испратени во Треблинка, затоа што се Евреи“, нагласи тој.

Според него, Бугарите се одговорни, тие извршиле злосторство и мора да одговараат и фактот што вршат притисок врз Македонија за да не ја кажат вистината е апсолутно одвратно како и фактот што отвораат центри сои имиња на соработници на нацистите е целосна навреда на жртвите и за Македонија.