АктуелноЛокално

Левица: Директорот Трпески ги остави пациентите без храна и греење

  • Реакција на Левица – ЛО Кичево

До локалниот огранок на Левица-Кичево пристигнаа поплаки од пациенти во врска со неажурноста и незаинтересираноста на директорот Станко Трпески.

Имено,последниот месец кујната во кичевската болница не функционира и пациентите се оставени без јадење.
Покрај проблемот со исхраната, во месец јануари само 10 дена било во функција централното греење, што е скандалозно и недозволиво.

Дали е во прашање едноставна неспособност за раководење од страна на партиските инсталирани пиуни, местењето на тендери или намерна деградација на здравствениот систем со цел народот да изгуби верба и полесно да се проголта приватизацијата на македонското здравство?

Го повикуваме министерот за здравство Беким Сали, наместо скандалите во својот ресор да ги правда со “албанофобија”, без одложување да ја разреши ситуацијата во градската болница во Кичево и катастрофата со која се соочуваат пациентите.
На Кичевчани им е доста од сликањата и лажните ветувања од Сали, кој како и сите негови предходници, само ветува дека после 30 години Кичево ќе добие болница која доликува за 21-ви век.