Пендаровски: старо-новиот кандидат за претседател
Стево Пендаровски е претседателскиот кандадат на СДСМ за претстојните избори закажани за 21-ви април. Ова беше соопштено после тричасовните партиски консултации на владеачката партија која се одвиваше во хотелот Дабл Три на Хилтон (читај: СДСМ-овскиот Мериот).
Ова не е прва кандидатура на Пендаровски, кој во 2014 години изгуби од актуелниот Претседател на Република Македонија, Ѓоргe Иванов. Годинава, тој повторно ќе си ја проба „среќата“, но овој пат неговата кандидатура ќе ја води владеjачка партија, а не опозициска, која веќе ги има освоено парламентарната и локалната власт.
Пендаровски, кој себе си одамна се профилираше како претставник на елитистичкото граѓанство во државата, демонстрирајќи ароганција и надменост во своите настапи и обраќања во јавноста, периодов ја презема и една од главните улоги за спроведување на атлантските интеграции и е еден од најзаслужните за спроведувањето на Преспанскиот договор. Кандидатурата негова беше извесна, доколку се земе предвид неговота покорност кон сервилноста на сопствената партија кон Западот, како и неговата популарност, која е значително поголема од онаа на Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски, кои исто така беа земени предвид за можни кандидати за претседател.
Важно е да се напомене дека победа на Пендаровски би значело комплетно преземање на власта од страна на владеjачката партија СДСМ, која веќе одамна покажа дека не само што не се подобри од 11 годишната власт на Груевски, туку и во многу сфери се и полоши, како што може да се забележи од екстремно забрзаниот процес на потчинување на Републиката кон Западот.