Апасиев: „Премиер“ кој не ги контролира клучните ресори не е премиер

Уште од првиот ден на „добивањето“ на премиерската функција, Димитар Ковачевски е прогласен за нелегитимен премиер на државата, поради отсуство на програма и назначување на функција без претходно учество на избори.

Немањето легитимитет на Ковачевски доведе до тоа СДСМ да стане малцинство во сопствената Влада, а клучните ресори да ги води ДУИ со освоени само 12% од гласовите, по што државата стигна на највисоко ниво на корупција и најниско ниво на доверба во судството во досегашната историја. Следејќи ја кадровската политика и нејзината успешност многумина ја поистоветуваат како апархејд.

Ваквиот развој на работите, пратеникот на Левица Апасиев, директно го адресираше до Ковачевски, за кого рече дека човек кој не ги води клучните ресори во држават не може да биде премиер.

“Премиер” кој не ги контролира трите клучни ресора во една Република (финансии + здравство + школство) не е премиер, туку статист и малцински партнер во сопствената Влада.