АктуелноЛокално

Левичарскиот институт „Рацин“ ја одржува втората левичарска школа

Центарот за политичка едукација, кој функционира во рамките на политичката партија Левица – Левичарски институт „Рацин“, ја организира втората идеолошко-образовна школа во Кратово, во период од 22-24 септември 2023 година.

Целта на оваа школа е продлабочување на политичката едукација и подобро запознавање со вредностите на левичарската идеологија на членовите и соборците во Левица, со еминентни имиња меѓу предавачите.