Захарова: Западот ги уценува балканските земји

Во интервју на Официјалната претставничка на Министерство за надворешни работи Руската Федерација Марија Захарова за српскиот весник „Политика“ се осврна на актуелните случувања на пост-југословенското пространство, за каде смета дека се развиваат различни аспирации кај секој од субјектите.

Балканот е сложен регион. Таму сè уште се чувствува драматичното наследство од југословенскиот конфликт во 1990-тите, а повеќенасочните аспирации на различни меѓународни актери се видливи со голо око, – изјави Захарова.

Според нејзи, земјите од Западот овој регион го третираат како своја периферија од која ги истиснуваат сите останати актери, и водат политика или со нас или против на.

Таканаречениот западен свет тврди ексклузивни права за интеракција со балканските престолнини, води агресивна политика за истиснување на трети земји од регионот и гради дијалог во рамките на парадигмата „со нас или против нас“.

Руската претставничка смета дека класичен пример за ова е притисокот кој го прават ЕУ и САД за воведување на санкции кон Русија и забрана за сотаботка со оваа земја, каде односот кон балканските земји е „доколку не воведете санкции против Русија, тогаш вие сте против ЕУ, САД и НАТО“.

Чист пример се обидите да се воведе забрана за соработка со Русија, која денес е издигната на апсолутно ниво како безусловна инструкција за оние кои не сакаат да ги расипуваат односите со Западот.