Денес започнува 9-тото издание на Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ

Вечерва (петок) во Кинотека на Македонија со почеток во 19 часот ќе се одржи 9-тиот Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ, кој годинава ќе прикаже десет филма од Португалија, Белгија, Унгарија, Бугарија, САД, Словенија и од Македонија.

Овој фестивал, кој почна со студентски ентузијазам, веќе девет години ни носи различни приказни од целиот свет, соопшти организаторот на фестивалот – Македонското студентско етнолошко друштво.

Филмската програма ќе биде надополнета со три изложби на Центарот за интердисциплинарни активности 2023: „Извор“ – изложба на аналогна црно бела фотографија на Сара Луческа, „Фреквенции“ – изложба во техника марбл инк, акварел и акрил на Марина Рмуш и „Време“ – колекција на фотографии на Ангела Здравковска.

Во рамки на фестивалот, утревечер од 19 часот предавање ќе одржи Билјана Јуруковски-Миленковска македонско-австралиска фотографка чии дела ја регистрираат културата и секојдневниот живот на помалку познати заедници од светот, како народот Сури од Африка. Нејзини фотографски дела се објавувани во National Geographic и во други престижни списанија.

Влезот за посетителите на фестивалот е бесплатен