АктуелноЛокално

ВМРО-ДПМНЕ го загушува отпорот како што праќаше пораки да не се бојкотира референдумот

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да ги задуши народните протести, вели во денешната епизода на Тешки муабети, пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

– По наши сознанија, уште за референдумот во 2018 година, имало пораки дека референдумот не смее да се бојкотира, дека треба да се гласа, па откако членството бурно реагирало се ваделе дека системот направил грешка.

За Францускиот предлог, на тие протести излегоа десетици илјади луѓе, и повторно тие го задушија протестот, вели Крмов кој додава дека во овие услови е тешко со протести да се турне Влада, но дека тие имаат огромна улога при вршење притисок врз истата.