Апасиев: Спикерот-тиранин Џафери неделовнички ја прекина Седницата за уставни измени

  • Процедурално обраќање на претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев:

,,Член 196 има различни интерпретации. Бидејќи вие не сте правници, јас како правник ќе се обидам да ви помогнам. Цело време алудирате на општите рокови коишто во случајот, кога има посебни одредби нив ги применувате, а не општите. Таков е случајот со промена на Устав. Таа е регулирана во посебна глава, а тоа посочува на специјални одредби кои ги дерогираат општите одредби на кои се повикувате за да манипулирате.

Членот 196 вели дека по предлогот за пристапување на Устав, седницата на Собранието се води претрес во целина кој може да трае најмногу 10 работни денови. Овој рок е преклузивен рок, тој не зависи од вашата воља или мојата. Тој не е орентационен рок. Цело време го заборавеме ставот 2, кој преклудира 10 работни дена и ставот 3 кој вели „одлука за пристапување се носи, кога ќе заврши расправата“.

Сега, тука наоѓате квака и се повикувате на општите одредби кои не важат. Зошто не важат? Членот 217 кој свесно го премолчуваме сиве овие денови. Да поставиме хипотетичка ситуација: членот вели „Собранието гласа за недоверба на Влада по истек на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба“. Што ќе се случи ако вие и во оваа ситуација ги примените општите одредби?

Ние гласаме доверба на Влада и вие велите, во ред, кога ќе стигне ред за гласање вие да ја прекинете седницата, и со тоа гласање на доверба на Влада на „куково лето“. Ако вие постојано се повикувате на општи одредби, можете да не возите на нив до 101 и назад. Затоа постојат посебни одредби. Во случајот, рокот е преклузивен, како деловнички рок и тој не зависи од вашата или нашата воља. Тоа е рок утврден во општ акт и како таков морате да го почитувате.“