АктуелноЛокално

Апасиев: Лице против кое има поднесено Кривична пријава ги брани измените за намалување на казните

  • Пратеникот Димитар Апасиев на социјалните мрежи сподели информација дека заменик-министерка за правда – Викторија Аврамовска Мандиќ, против која има поднесено кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, е предложена да ги брани измени на Кривичниот законик во кој се намалуваат казните за најтешките облици на криминал.

Иначе, оваа анонимусов шо ни е заменик-министерка за правда – Викторија Аврамовска МАНДИЌ (од СДС на Нашата Земја) е предложена да ги брани контроверзните измени на Кривичниот законик пред пратениците, пуштени шверцерски – по скратена постапка, со ЕУ знаменце…

И се тоа би било ОК, арно ама дотичнава има кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од Град Скопје дека, во време на алкосот Шилегов (како негова секретарка), исплатила 75.000 ЕУР на фирма за изработка на веб-сајт кој никогаш не бил направен!?

И видете каков безобразлук – баш она, од цело СеДеСеМе, предлага намалување на казната, и тоа баш за местење тендери!?