Брнабиќ: На ЕУ и САД им е јасно дека Курти не ги почитува договорите

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека на Европската унија и на САД им е „сосема јасно“ дека премиерот на Косово, Албин Курти, не почитува ниту еден договор и дека српскиот народ во Косово е во „исклучително тешка позиција“.

„Дури и германскиот пратеник за Западен Балкан и дијалог меѓу Белград и Приштина, Мануел Сарацин, во јули изјави дека српскиот народ екстремно страда на Косово и Метохија“, изјави Брнабиќ за телевизијата Пинк.

Посочи дека значително е зголемен бројот на луѓе од ЕУ и САД кои се загрижени „што ќе се случува во наредниот период“.

„Мислам дека се целосно свесни дека Албин Курти не само што ќе продолжи со провокациите, туку дека ќе ги подигне на ново ниво бидејќи времето полека му истекува. На сите им е јасно дека ништо не направил и дека нема никаква врска со Бриселскиот договор, не го споменува“, додаде премиерката.