АктуелноЛокално

Андовска: Аааа, гледам бурек се јаде за Египет

  • Фејсбук статус на Дарија Андовска – Деканка на Факултетот за музичка уметност при УКИ.

Па да го објаснам есапот за “луксузен” одмор

(оти јас веќе третпат се “луксузирам” во Египет):

Грција, 10 дена, за едно лице:

минимум 40 евра дневно за смештај

+ минимум 50 евра дневно за храна и сешто

+ минимум 60 евра за превоз = 960 евра.

Минимум.

За истите тие пари одите ко чоек во Египет и сте на all inclusive, без цимање.

Плус, ако одите првпат, одите да ги видите и пирамидите, Сфингата, Карнак и Луксор, долината на кралевите, Каиро и Египетскиот музеј, храмот на Хатшепсут, крстарење по Нил, пустинско сафари со вечера во бедуински камп… убајни!

Добро, во all inclusive има вклучено и по некоја ајкула, ама што има врска 😊