Судот одлучи – Застарено е делото на Даравелски за милионска проневера

„Судот донесе своја одлука во која сметаше дека рокот не е поминат, односно дознавањето за пресудата го сметаше во рокот од една година од кога дознал. Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа“, – вели обвинителот Гаврил Бубевски за случајот на Драган Даравелски.

Според шефот на Основното јавно обвинителство застареноста на делото на Драган Даравелски е завршена работа, но ќе има простор да се оди на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што тоа не зависи од застарувањето.

„Но, можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“, – рече Бувески за РСЕ.

Даравелски е осуден на седум години затвор за милионски злоупотреби во времето кога беше директор на Царината, од 1999 до 2002 година. Тој од 2007 година, кога му беше изречена пресудата, беше во Белград, од каде македонските власти со години неуспешно се обидуваа да издејствуваат екстрадиција. Тој беше неколкупати приведуван во Србија, но никогаш не беше испорачан во земјава.

Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Од сторувањето на делото според Кривичниот Законик се поминати 20 години, а од правосилноста на казната веќе поминале повеќе од десет години, што и автоматски значи дека Даравелски нема да ја отслужи затворската казна, бидејќи таа застарела, пишува „Фок