Кираџиева: Нашата борба како левичари, не е да продаваме сиромаштија, туку напротив, да создадеме пристојни услови за живеење за сите

  • Статус на  Весна Кираџиева, раководителка на АФЖ и членка на Централен комитет на Левица

Хургада (Египет) 2019г, јас невработена атлетичарка, која цел живот работи волонтерски или за некој хонорар не поголем 10-12.000 денари и мајка ми, чистачка, стечајка славијашка благодарение на криминалната приватизација на сдс. Без наследство – татко ми дете на деца бегалци од Егејска, избркани со само парталите на себе, почнале од нула тука.

Татко ми и мајка ми пак избркани под стечај и со години (години, не месеци), живеевме со мизерни 3000 ден социјална помош пошто никој не ги примаше на работа без врски и партиска книшка. Покасно, ни мене (дипломиран криминалист).

Како сме живееле четири члено семејство со две малолетни деца? Како сме се научиле да штедиме и со толку малку да сме облачени, испрани, најадени, образовани и дипломирани?

Хургада (Египет) 2019г, јас невработена атлетичарка, која цел живот работи волонтерски или за некој хонорар не поголем 10-12.000 денари

Како невработена атлетичарка и мајка и чистачка можат да си дозволат да одат во Хургада? За повеќе совети за водење домаќински есап по дома, пиши иМбокс.

Верувам дека уште полесно може некој со ЧЕСНА заработувачка на пратеник и професор, не е расфрлање, домаќинлук е кога работиш и заработуваш чесно.

Нашата борба како левичари, не е да продаваме сиромаштија за сите, погрешен ви е концептот, туку напротив, пристојни услови за живеење за сите. Кога се бориме и галамиме дека повеќето луѓе, за жал, не можат да си дозволат одмор, тоа е борба за сите. Зарем треба да молчиме? Ниту Апасиев, ниту Левица биле на власт, ниту краделе од народните пари за да си дозволат нормална живејачка и пристоен одмор. Апсолутно не ми е јасна поентата на трач ботовите (освен нели, за да оцрнат некого без основа).

Ако се бориме за пристојна живеачка за сите, можност секој да има средства за патување и истражување нови локации по светот, дали тоа значи дека треба да се затвориме дома до тогаш, додека не создадеме такви услови за сите? Патем, понудите за Египет се поисплатливи од оние за Грција (па и Охрид) каде ќе се гњавите 6 саати со автобус и ќе мачкате паштета и леб на плажа 7 дена, пробуричкајте. За жал, тие што не можат да си дозволат одмор во Египет, не можат ни во Охрид да си дозволат, зборувам од лично искуство.

Го сфаќам револтот кога ликови како Мицко, Грујо, Зајко, Ковачевски, Мијалков… ќе ги видите вака, со пари КРАДЕНИ од НАС, НАРОДОТ, да си тераат екскурзии, ама не и за луѓе како нас, ние кои сме р’мбале, потеле, плукале крв, за да може да си дозволиме ова со СВОИ пари, чесно заработени, не се крадени, не се од криминал, и сè уште се бориме. Не фер се осудувањата и оцрнувањата кон некој кој се бори за сите да имаат еднакви можности, некој кој не ве крадел, некој кој за маката и трудот заслужил одмор кој САМ си го плаќа.

Додека се бавите со “истражувачково новинарство”, дајте барем избуричкајте ги погоре споменативе, каде одат на одмор и со чии пари, па да сме еднакви, да знаеме дека приказниве не ви се тенденциозни, партиски нарачки!